По деветти пат во знакот на виното и пријателството, со добра храна и музика помина уште едно издание на традиционалната хуманитарна забава “Бон Вивант“.
-Секоја активност, секое служење на заедницата, секое време посветено на волонтерската работа е исклучително важно особено кога знаеме дека има безброј луѓе на кои што можеме да им помогнеме, па од тука и главна цел на овој хуманитарен настан е со ваша помош да помогнеме, истакна претседателот на ЛК Кабадаја за фискалната 2018-2019 година Ивана Ангелковска.
Оваа година Лајонс Клуб Кабадаја гордо може да се пофали со реализирање на неколку проекти : Прво мени на Браево Писмо во Македонија, Крводарителска акција со собрани 50 единици крв, организирање на Марш за подигнување на свеста за лицата со попреченост.
Реализирањна беше и првата “Мобилна кујна“ во Македонија, во соработка со ОО Црвен Крст Битола, со која два пати месечно се служи топол оброк на повеќе од 400 лица од социјално загрозени семејства. Уште еден проект кој започна оваа година е реновирање на дел од детското одделение на Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола.
Им благодариме на сите присутни кои ја поддржаа оваа иницијатива на Лајонс Клуб Кабадаја. Посебна благодарност упатуваме кон винарија “ПОПОВ“ чии што вина присутните имаа можност да ги дегустираат и на “ВЕМИЛК“ – млечна индустрија “Велковски“.
Доследни на нашата традиција и нашата мисија, продолжуваме и понатаму да и служиме на заедницата. WE SERVE!

“Бон Вивант“ на ЛК Кабадаја – традиционална хуманитарна забава “(фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет




