Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: започна кампањата за локалните избори

Сега кога се актуелни претседателските избори, да се потсетиме дека точно пред десет години во 2009 година се одржаа локални избори за градоначалник и совет, започна да ги раскажува своите сеќавања, доајенот на битолското новинарство Димче Миновски.-Некаде на самиот почеток на март започна кампањата и претставувањето на кандидатите за градоначалник и советници. На страната на ВМРО-ДПМНЕ беше по втор пат Владимир Талески, а на страната на СДСМ лекарката Дијана Георгиевски, раскажува Миновски, кој додава:-Според фотографиите кампањата на ВМРО-ДПМНЕ започна во хотел “Епинал“, а кампањата на СДСМ во бар “Корзо“. Тука може да се видат кандидатите за советници на двете партии. Силвана Ангелевска беше на чело на листата на ВМРО-ДПМНЕ, а Томе Наумов на СДСМ.Миновски вели дека имало, според него, четири кандидати за градоначалник.-На овие избори добро се сеќавам бидејќи за прв пат се појави граѓанска листа за советници на кој јас бев носител, но за жал само за десетина гласови немавме прв независен советник. На таа листа беа Сотир Главинче, Љубо Трифуновски…

More from БитолаMore posts in Битола »