Press "Enter" to skip to content

Невладината “Грин лист“ го реализира проектот „ИКТ вештини за едукатори“ (фото)

Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола се реализираа обуки за наставници во рамките на проектот „ИКТ вештини за едукатори“ на Здружението за развој на екологијата, туризмот и културната соработка „ГРИН ЛИСТ“ од Битола. Проектот е одобрен од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и финансиски е поддржан со грант од програмата “Еразмус +“ на Европската Унија.Целите на проектот „ИКТ вештини за едукатори“ се: одобрување и унапредување на ИКТ и дигиталните вештини и компетенции на наставниците со што ќе се подигне квалитетот на наставата во македонскиот образовен систем и воведување на нови ИКТ техники и алатки кои се користат во наставата во земјите од ЕУ. Заради што поуспешна реализација на проектот, претставници на здружението „Грин лист“ учествуваа на обуката „ИКТ вештини за едукатори“ организирана од страна на тренинг центарот ShipCon Limassol Ltd. во Барселона, Шпанија.Во текот на обуката, членовите на здружението се запознаа со најновите ИКТ алатки и вештини кои се користат во земјите на ЕУ и разменија искуства со учесници од повеќе европски земји: Шведска, Литванија, Португалија, Полска, Словенија, Хрватска, Бугарија, Турција и Грција и се стекнаа со меѓународни сертификати за успешно завршена обука.Како дел од планот за дисеминација и имплементација на проектот се реализираа двете обуки за сите заинтересирани едукатори од нашата држава. На обуките се пријавија над 130 лица, а имаше учесници од повеќе градови во Македонија: Битола, Скопје, Прилеп, Охрид, Струга, Неготино, Кичево, Демир Капија. Обуката ја следеа професори од основното и од средното образование, директори, дефектолози, психолози и педагози. Сите учесници се стекнаа со сертификати за учество на обуката.