Пелистер Волеј – Јанта Волеј 0:3 (16:25, 19:25, 16:25)
Во првата одбојкарска државна лига во втората фаза, во 3. коло екипата на Пелистер Волје е поразена на свој терен со 0:3 по сетови. “Пелистерки“ на овој домашен натпревар идиграа лош, катастрофален натпревар, под секое ниво, без залагање и без жар.
По овој шансите за пласман на 4 позиција се речиси невозможни.
За разлика од нив пионерките победија со 3:0, против екипата на УСК Валандово, по сетови 25:02, 25:17, 25:05. Натпреварот беше во рамките на пионерско првенство, 1/8 финале.
Меч во кој Пелистер Волеј беше апсолутен фаворит од почеток до крај, а по победата и пласманот Пелистер Волeј, како подобра екипа во 1/4 финалето ќе игра во прво го гости, а реваншот во Битола.
Со овој пласман на пионерките се заокружува пласманот на сите младински екипи во 1/4 финалето, а секој нареден успех ќе значи чекор поблиску до Ф4, за што овие екипи имаат шанса, за битка за медали.






