Ноќеска околу 02.20 часот во билијард клубот лоциран на улица “Батаљон Стив Наумов“ во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со предизвикување и учество во тепачка.
Во тепачката учествувале од една страна лицата С.И. (35), К.И. (24) и Г.И. ,а од другата страна учествувале лицата И.А (31), В.А. (35) ,С.Ж (30) и М.Р (31) сите од Битола.
Во тепачката учесниците употребувале разни дрвени предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.





