Press "Enter" to skip to content

Дебата за заштита на личните податоци (фотогалерија)

Денеска во Битола, во хотелот “Епинал“, за заштитатата на личните податоци, како едно од приоритетните прашања во функционирањето на бизнис секторот“, дебатираа претставници на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, партнери во Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива.Дебатата во организација на  УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, се одржа и информативната сесија од страна на Горан Чамуровски, искусен експер во областа на за заштитатата на личните податоци.-Даваме препораки и ги подготуваме индустриите за за нашиот закон кој се подгвува и ќе стапи во сила, бидејќи регулативата која е воведена во ЕУ кај нас е сега во фаза на нацрт-закон. Законското решение е во согласност со регулативата на ЕУ, а ниту една држава не може да отстапи од тоа, нагласи Чамуровски.Според организаторите, целта на овој информативен настан е согледување на постоечката состојба во поглед на регулативата од делокругот на работа на Дирекцијата за заштита на личните податоци, како еден од носечките органи со надлежности во поглед на надзор согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и орган кој директно ја цени законитоста на обработката на личните податоци.