Денес и утре во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ, се одржува дводневен семинар на кој млaдите битолчани ќе се остручуваат за стекнување со вештини за користење на Google Maps.
Целта на овој семинар е младите да се стекнат со вештини за поставување фотографии од еврејското минато на Битола и нивно мапирање на Google Maps.
Со поставените фотографии секој би можел да се запознае со историската вредност и објектите во Битола како што се: некогашниот Пионерски дом, куќите на битолските Евреи, еврејските гробишта и слично.
По теоретскиот дел на семинарот, попладнево, учесниците на семинарот, заедно со израелскиот амбасадор, Н.Е. Дан Ориан и д-р Рахел Шели Леви Друмер, внуката на д-р Хаим Абраванел и Мира Герас Дочовска ги посетија Еврејските гробишта во Битола.
Мира Герас Дочовска, претседател на АХАМ, на младите им одржа историски час, на кој ги запозна за историјата на Еврејските гробишта и за се она што е направено тука, на самото место, од 2015 година кога започна уредувањето на запоставените дотогаш гробишта во Битола.

Битолчани учеа да поставуваат фотографии од еврејското минато на Битола на Google Maps (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





