Press "Enter" to skip to content

Генералниот секретар на СДСМ се потпиша во Битола и информираше за јавниот повик

На битолчани кои денес чекаа ред и по еден час и повеќе за да се потпишат по јавниот повик, за поддршка за консензуалниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, му се приклучи, покрај голем број на партиски функционери и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Кирацовски го стави својот потпис за поддршка за Стево Пендаровски, во родната Битола, на еден од  шалтерите на подрачната единица, каде се потпишуваат граѓани за за кандидатурата.Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој е шеф на изборниот штаб на престедателскиот кандидат, информираше и за јавниот повик, за големата масовност.

-Од овде, од мојата Битола, граѓаните силно одговорија на јавниот повик за потпис за поддршка на нашиот Стево Пендаровски. Граѓаните денес масовно и ширим нашата  држава  излегоа и дадоа потпис за нашиот кандидат за претседател на државата, од Охрид до Берово, од Тетово до Крива Паланка, до Скопје и Куманово  граѓаните масовно ја дадоа својата поддршка. Досега за само неколку часа се собрани нас 15.000 потписи,  рече Кирацовски, и додаде:Сакам да истакнам дека во нашата историја ова е единствената кандидатура за претседател на државата која што е поддржана од над 20 илјади граѓани, од 60 пратеници и од над 30 партии. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци сите заедно се обединија околу Стево Пендаровски. Ова големо обединување и оваа силна поддршка, ова заедништво,  наговестува каков ќе биде изборниот ден на 21 април.

-Одиме кон голема победа за доброто на нашата држава, рече на крај Кирацовски.