Иако до крајот на зимата 22 март имаме уште две седмици сепак времето денес ќе биде пролетно, односно, пролет во зима, сончево со умерен ветер претежно од јужен правец.
Дневните температури во Битола ќе бидат околу 20 стрепен, а така ќе биде и во наредниот период, односно над просекот за овој период.
Нов влажен и постуден бран проследен со врнежи претежно од дожд се очекува во понеделник кон крајот на денот. Во вторник ќе има позначително спуштање на дневните температури.