Press "Enter" to skip to content

Пензионерите донираа во интерното одделение на Клиничка болница

По повод празникот осми март членови на Здружението на пензионери од Битола ја посетија Клиничката болница и донираа 35 пакет постелнини за коронарната единица при интерното одделение.-Тука соработката нема да застане, а во разговор со менаџерскиот тим на болницата се отворија многу теми многу цели како да се помогне од нив за нив бидејќи поголемиот дел на пациенти во интерното одделение се пензионери. Но, и од наша страна има желба на секаков можен начин да ги олесниме прегледите на пензионерите, рече Зоран Лазаров, директор на Клиничка болница “Д-р Трифун Пановски“ – Битола.

Од Клиничка болница упатуваат благодарност до здружението на пензионери од Битола за донацијата и им го честитаа престојниот празник на жената.