Press "Enter" to skip to content

Битолчанките Мирјана, Ана, Сања, Елеонора, Билјана и Анкица за 8. Март

Меѓународниот ден на жената, 8, Март е ден кога се одбележува борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Еден од главните предизвици на жената денес е да се направи баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Да добијат поголема подршка од мажите во однос на чувањето деца и домашните обврски. Кај нас се уште постои стереотип дали жената може да се носи со улогата да врши значајна функција во општествено- политичкиот живот вели координаторката на проектот  еднакви мк. Тања Томиќ. Празникот 8. Март  треба да им служи за потсетување на нивната положба во минатото и колку успеале до денес. Да веруваат во себе и да се трудат да го постигнат она што го посакуваат. Поразговаравме со неколку жени од различна професија и возраст секоја успешна во својата област.

Мирјана Планчак, професор по географија во основно и средно образование-Празникот на жената го замислувам како ден со многу цвеќиња, кога секоја жена треба да се испочитува бидејжи нејзината улога е комолексна во општеството. Таа мора да биде и успешна во професијата и добра мајка и сопруга. Со рамноправноста жената зазема високи функции, во последните години е повеќе застапена и во политиката. Доаѓам од област на образование каде поголем број  се жени, и често се наоѓаат пред голем предизвик кога мора да најдат баланс меѓу професијата и улогата на мајка.  Би сакала празникот да има помалку комерцијален карактер и празнување во кафеана, ресторан кои не се по мој вкус. Сметам дека добро е пораката која ја слушнав деновиве тие пари и да одат за  хуманитарни цели. Во однос на подарувањето подароците да бидат само цвеќиња. Во последно време се претерува во смисла на подарување со ваучери, накит и слични подароци кои се повеќе  застапени кај помалите ученици и вклучени се родители при купување. Мислам дека тоа не се укинува со никаков закон туку развивање на свест и култура на подарување која ние како просветни работници низ воспитувањето им укажеме дека убавината во подарувањето  е во љубовта со почит, а не колку е тоа вредно.

Сања Стаматова: портпарол на СВР Битола:Денес е свечен ден, ден кој се прославува за да се одбележи борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Денес, а и секој ден, жените треба да застануваат рамо до рамо со мажите во секој аспект во социјалното живеење. Жената е и треба да е почитувана не само на овој ден, туку секој ден во годината. На сите припадничкимод понежниот пол им го честитам Меѓународниот ден на жената 8. Март.

Елеонора Илиевска Секретар на ОО СДСМ БИТОЛА Советник во Општина Битола.

Денес го празнуваме меѓународниот ден на жената 8-ми март, кој ја одбележува борбата за рамноправност со мажите за социјална, политичка и економска еднаквост. Суштински се бориме да се надмине родовиот јаз и заеднички да градиме општество во кое жената рамноправно ќе учествува во секоја сфера од делувањето. Бидете горда што сте жена. Силна, мудра, борбена, а истовремено нежна и внимателна! Заедно да го смениме светот! Ние можеме и умееме! Драги мајки, сестри, пријателки, среќен 8ми март! 

М-р  Анкица Стевановска, сликар  и иконописец, наставник по ликовна уметност

-Кога ќе се спомне празникот на жената, виреат чувства и емоции од детството кога бев превозбудена да ги изненадам мојата мајка и моите баби за денот на 8. Март, да им изразам многу љубов. Овој празник е паралела од традицијата која се плетела со години, изразување на чувства, убавите мигови со семејството, разгалување на понежниот пол. Природата се буди, се ближи пролетта, сонцето ги гали детските главчиња кои итаат со цвеќиња во рака, насекаде весели лица. Сепак, НЗС од сево ова е ЉУБОВТА. Жената е како нежен цвет, кој треба да се негува и опсипува со љубов. Секако дека ова се прави 365 дена во годината, а не само еден ден. Можеби звучам феминистички, но морам да напоменам дека улогата на жената во денешното општество е сеопфатна, затоа оддавам преголем респект и почит кон секоја МАЈКА.  Не гледам причина да се плука и хејта по празникот или начинот на празнување. Секој си празнува на свој начин, дружби по кафеани, барови или дискотеки, секој се забавува на свој начин и има право на тоа, па нели жените се бореле за тие права.

Доцент, д-р Ана Секуловска -Сметам дека на секоја жена, за да се чувствува среќно и исполнето  треба да биде почитувана  Вниманието е предуслов за исполнет живот. 8. Март е меѓународен ден на жената, но тоа е само еден ден кој на симбиличен начин ја отсликува важноста на жената во текот на цела година и  овој ден треба да ја потсетува на тоа дека се уште треба да се бори за своите права.  Според статистички податоци се смета дека  се уште постои и со резултатите   се увидува  дека нееднаквоста е се уште присутна од аспект на менаџерските позиции во однос на пол. Од 2 до 5 проценти жени се наоѓаат на високи менаџерски позиции. Со голем број проекти тој број се менува, но не преминува 10 проценти.  Според податоци од ДЗС жените во Македонија решаваат да родат едно до две деца, а во однос на слободното време вработените поминуваат само 15 проценти на слободни активности додека невработените 21 процент посветуваат на себе. Останатиот дел од денот го поминуваат во чување на деца, готвење и други домашни обврски. Покрај овие реални статистички податоци пред жените стојат уште предизвици во реалниот живот. Јас за крај  би додала и еден цитат „Жената треба да биде како единствен цвет, а не као букет“ Ana Held.

Билјана Бејковска, секратар на здруженито АМОС:Штом се спомне 8 март, мене веднаш ми доаѓа сликата како јас, со голема возбуда, подготвувам честитка за мајка ми. Денес и јас сум мајка и добивам честитки од моето дете. Нејзината возбуда, нејзините прегратки и љубовта која си ја разменуваме ми го прави овој ден празник на срцето и душата. Дали некој слави денес или не, изборот е сопствен. Јас само би сакала да потсетам дека жена на жена треба да е другарка, поддршка, никако непријател! Ние, жените, имаме сила, ние можеме, умееме и победуваме многу премрежија. И за крај, како што некаде прочитав, да не дозволиме да нé излажат, 8 март е секој ден!

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »