Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: повторно исто, кај Ветеринарна, прегазена жена-сторителот избегал

Вчера на 8 март, во СВР-Битола било пријавено дека во Битола, на крстосницата од улицата “Прилепска“ и улицата “Батаљон Стив Наумов“, непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак В.Б.(50) од Битола.

Сторителот по удирањето на пешакот го напуштил местото на настанот.

В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.