Претставници на дел од правните субјекти, како и физички лица, кои се сопственици на објекти и фирми во источната индустриска зона „Жито Битола-Транскоп“, одржаа работен состанок со градоначалничката Наташа Петровска, вработени во општинската администрација од Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина и претставници на Советот на Општина Битола.
На средбата се разговараше за донесувањето на детален урбанистички план за овој индустриски развоен дел од градот, каде делуваат над 50 правни и физички лица, со цел истите подобро да функционираат.
Градоначалничката Петровска ги истакна заложбите на локалната самоуправа за забрзување на процесот на донесување на планската документација во овој дел од градот. Со тоа би се отвориле можности за нови инвестиции во стопански објекти.

Ќе се изготви детален урбанистички план за индустриска зона “Жито-Битола“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Пелистер во 92. минута освои бод за опстанок кај Работнички!
- “Бекстејџ“ магија на Креативен ден во Битола – филмски ликови на сцена (фотогалерија)
- СВР Битола: бистричанец возел со 2,10 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање





