Вработените во основната организација на Црвениот крст од Битола, заедно со многуте волонтери денес го одбележаа Денот на црвениот крст и денот на крводарителството со повеќе активности.
Централниот настан беше големата традиционална крводарителска акција која се спроведе денес од 10 до15 часот во фоајето на Народниот театар.
На традиционалната акција за крводарување околу 150 битолчани дарува крв, кои како рекоа ова го прават со добра мисла за да спасат нечиј живот.
Претходно во 11 часот започна свечениот настан под мотото “Приказна за една идеја“, на плоштадот “Магнолија“, со што беа одбележани 160 години – Црвен крст.
Во рамките на настанот волонтерите на Црвен Крст од Битола, по Широк Сокак, од “Магнолија до хотелот “Епинал“ на битолчани им ја доловија секојдневната работа на Црвениот Крст.
Во долното фоаје на Народниот театар се одржа ликова работилница на членовите на ликовното ателје “Солак“ каде младите сликаа дела поврзани со темата Црвен крст.

Црвен крст го одбележа денот на крводарителството под мотото “Приказна за една идеја“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- ЈКП “Водовод“ Битола: рекомтрукција на водоводна мрежа на “105-та“ улица
- Во Градскиот парк традиционален есенски крос
- Светска екслузива што ќе се памети: Оскаровецот Воли Фистер со гитара во рацете испиша историја на „Браќа Манаки“!
- СВР Битола: приведување за дрога, нападнат малолетник





