Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: “Свислион“ донесе квалитетни играчи и тренери во Пелистер

Ако го споменавме фудбалот и кажавне некои податоци за него пред десет години, редно е да кажеме и некој збор за кошарката, а потоа и за ракометот.

-Во 2009 година кошарката не го имаше квалитетот кој го имаше предтхдно пред 2-3 години кога за прв пат, можам да кажам, еден сериозен спонзор вложи во битолската кошарка. Тогаш Пелистер беше дел од тимот на “Свислион“ меѓународна компанија, која вложи големи пари, а битолчани имаа прилика да гледаат одчична кошарка, се сеќава Димче Миновски, кој за тоа време додава:-Во Битола ги победивме сите екипи кои нешто значеа и значат во македонската кошарка. Салата беше полна, а натпреварите до крај неизвесни. Се радувавме на победите, пишувавме за нив, а еве остааа и сеќавањата. Мора да се споменат и луѓето кои го донесоа “Свислион“ во Битола, Марио Трифуновски-претседател на Пелистер, а со него беа и Васко Ковачевски, Крсте Бендевски, Игор Мицевски, Сашо Ристевски, Евгени Милошевски, Влатко Ивановски…

Соработката со “Свислион“ не само што беше на финансиски план, туку во Пелистер играа голем број на српски кошаркари, го водеа нивни тренери, а еден од нив беше и денешниот тренер на Пелистер, Тодоровиќ.

More from БитолаMore posts in Битола »