Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола саем на невладини организации

Битолската граѓанска организација, СФЕРА Македонија, во рамките на меѓународната недела на граѓанското општество, во Битола организира Саем на невладини организации.

На денешниот Саем во Битола ќе се претстават Здруженија од Битола кои работат со млади, кои нудат волонтерски можности за граѓаните и кои преку реализација на активности прават промен во општеството, посочи Милчо Дули, претседател на СФЕРА Македонија.

На Саемот во Битола ќе има дискусија и дебата со Блаже Јосифовски, претседател на „Ајде Македонија“ од Скопје кој работи повеќе години на младински инцијативи од граѓани за промена на општеството.

Саемот ќе се одржи во Народниот театар.