Press "Enter" to skip to content

“Градска седенка“ со храна која ќе ја подготвува шефот на кујната во “Епинал“, Александар Видоевски

“5 Courses“ презентација  на специјалитети од морска храна од океаните на австралискиот брег  со  вино  во градската кафеана на хотел „Епинал“, а зa битолчани ќе готви шефот на кујната Александар Видоевски, а ќе ги забавува групата “Боеми“.

Шефот на кујната Александар Видоевски со својот тим ќе подготвуваат специјалитети од морска храна, риба, кавијар  кои ќе бидат  послужени на вечер со презентација и дегустација  на  мени од 5 различни јадења – “5 Courses“ од предјадење до десерт со вина спрема вкусот на специјалитетот од винаријата „Бовин“ во ресторанот на градската кафеана во хотел „Епинал“. Сето тоа  ќе се организира во сабота вечер на 23 март.

Поразговаравме со шефот на кујната Александар Видоевски кој беше многу задоволен што се  организира   ваков вид презентација и при тоа ни објасни како ќе се реализира оваа одлична кулинарска идеја во која ќе уживаат сладокусците на морска храна,   риба и вино.Кажете ни што претставува оваа презентација на мени-  5 Courses ?

-Овие презентации со дегустација се замислени и наменети за да сладокусците пробаат различни видови на специјалитети со мени од 5 различни јадења при тоа надополнети со вино кое е прикладно за јадењето и заради тоа и називот 5 Courses кои се носат едно по едно од предјадење до десерт.  Конкретно со оваа презентација целта ни е  да ги презентираме нашите специјалитети од морска храна и риба кои само што  пристиганаа од морињата и океаните на палубите од бродовите  на Австралискиот брег. Со тоа и новиот менаџер Огњан Циговски ја продолжуваме традицијата која ја започна сопственикот Ристо Пеев на менијата на ресторанот во хотелот „Епинал“ да има  најсвежи и најквалитетни морски плодови, риба со кавијар.  Заради тоа и идејата  на оваа презентација со 5 најразлични специјалитети со морска храна кои ќе ги дегустираат и ќе уживаат сите сладокусци. Виното од винаријата „Бовин“ само ќе го дополни и збогати вкусот на овие специјалитети.Кажете ни уште каков е интересот за ваквиот вид на презентација?

-Ваков вид на презентација имавме неодамна во еден од нашите хотели во Маврово „Бистра“ каде од планираните 30 гости за вечерата дојдоа  80 кои секако неможевма да ги одбиеме заради големиот интерес. Таа вечер на мое големо задоволство заврши со аплауз. Се надевам дека и оваа презентација во Битола ќе биде таква. Јас и мојот тим од хотелот ќе дадеме се од себе. Оваа вечер која беше најавувана овде во ресторанот на градската кафеана во „Епинап“ја очекуваа некои од редовните гости тука. Заради тоа веќе има најавени гости, но секој што сака може веќе да резервира додека има слободни резервации, бидејќи местата се ограничени. Менито е многу богато со специјалитети од „чаден лосос со кавијар“ до десерт со карамел и цимет… потоа тука се квалитетните вина на „Бовин“ и секако сето тоа зачинето со добра музика и групата  „Боемите“ кои ќе придонесат за убаво расположение.

Еве секој ќе може да се запознае со нашето мени за 5 Courses презентација со дегустација во ресторан на градска кафеана на хотел „Епинал“ . Па повелете, направете резервација на време.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »