Близу 1.000 ученици во основното училиште во Битола, наставата по физичко образование и воннаставните спортски активности ќе ги изведуваат во реновирана спортска сала, во ОУ “Св. Климент Охридски“, благодарение на финансиска помош од РЕК „Битола” и Општината Битола.
Во реновирањето на спортската сала во основното училиште “Св. Климент Охридски” во Битола се реконстрирани соблекувалните и санитарниот јазол, а поправено и подобрено е и осветлувањето во самата сала.
Денес градоначалничката на Битола-Наташа Петровска и генералниот директор на РЕК “Битола“ – Васко Ковачевски, направија увид при што на лице место се уверија за реконтрурањето.
-Сите заедно направивме потег за подобри услови за одржување на наставата по физичко образование. Општина Битола се вклучи во реконтрукција на санитарниот дел, а РЕК “Битола“ со уредување на соблекувалните, а Советот на родители со поставување врати. Дополнително РЕК “Битола“ го подобри осветлувањето во салата, истакна градоначалничката, Петровска.
-Како и многупати досега и вој пат сме водени се од максимата дека општествената одговорност е инвестиција, а не трошок и токму затоа во рамките на нашите статутарни можности како РЕК “Битола“, подружница на АД “ЕЛЕМ“ гледаме колку што можеме повеќе да помагаме во образованието, здравството, културата и спортот. И понатаму РЕК “Битола“ поради што се наоѓа во Битола ќе се залага да има повеќе средства и донации за институции или на поединци, рече Ковачевски.
-Со реконструкцијата на соблекувалните и самата фискултурната сала се обезбедија подобри услови за учениците во изведувањето на наставата по физичко воспитување на радост на учениците, рече директорката на ОУ “Св. Климент Охридски“ Гордана Анастасова, а денес беше речено дека училиште од секогаш се стремело да има добри услови за работа а во таа насока во пет училници се набавени нови табли по иницијатива на наставничките од одделенскиот совет.

РЕК “Битола“ и Општина Битола ја реновираа спорстската сала во “Св. Климент Охридски“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- ЈКП “Водовод“ Битола: рекомтрукција на водоводна мрежа на “105-та“ улица
- Во Градскиот парк традиционален есенски крос
- Светска екслузива што ќе се памети: Оскаровецот Воли Фистер со гитара во рацете испиша историја на „Браќа Манаки“!
- СВР Битола: приведување за дрога, нападнат малолетник





