Press "Enter" to skip to content

Правниот факултет го објави конкурсот за стипендијата “Тома Фила“

Фондацијата “Тома Фила“ на познатиот белградски адвокат Тома Фила, преку Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола, го објави конкурсот за доделување на стипендијата за еден студент од овој факултет.

Во конкурсот се вели:

-Стипендијата, во бруто износ од 10.000,00 денари, се доделува за стипендирање и подржување на еден талентиран студент на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку 8 и на прв и на втор циклус студии. 

-Стипендијата се доделува на студент со постојана адреса на живеење во Општина Битола, за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправник, кај адвокат со регистрирано седиште на подрачјето на Општина Битола.

-Стипендистот може да почне со користење на стипендијата најдоцна 6 месеци од денот на доделувањето на стипендијата. По истекот на овој рок го губи правото на стипендија.

-Стипендистот, по едногодишното стручно усовршување како адвокатски приправник, не стекнува право на работен однос кај адвокатот кај којшто стручно се усовршувал, а и нема обврски кон истиот.

Инаку, адвокатот Тома Фила, син на адвокатот Фила Филота, неколку децении живее и работи во Белград, Србија, е избран за почесен доктор на науки на Универзитетот “Св. Климен Охридски“ – Битола во 2016 година.

More from ВестиMore posts in Вести »