Press "Enter" to skip to content

ЈП “Пазари“ ја проширува својата дејност, ќе може да произведува струја за свои потреби

ЈП „Пазари“ од Битола го доби изработениот идеен проект за поставување на фотоволтажен систем, со што ќе може да започне постапката за поставување на фотоволтаични панели.

По донесената одлука од страна на Советот на Општина Битола, со која ЈП „Пазари“ ја проширува својата дејност, се изврши измена и дополнување на Статутот на претпријатието, со што за сопствени потреби ќе може да произведува струја.-Панелите ќе бидат поставени на покривната конструкција на постоечките настрешници во Градскиот пазар, кои што служат за заштита на тезгите. На овој начин ќе се заштедат средства што сега ги плаќаме за потрошена електрична енергија, а ќе исполнеме дел од обврските кои што ги имаме во однос на препораките дадени од ЕУ, рече директорот на ЈП “Пазари“ Владо Атанасовски.

ЈП “Пазари“ е првото битолско јавно претпријатие, кое за свои потреби ќе произведува електрична енергија.

More from ВестиMore posts in Вести »