Press "Enter" to skip to content

“Да танцуваме заедно“, лицата со Даунов синдром и младинската организација на ЛДП

По повод 21-ви Март денот на лицата со Даунов синдром, младинската организација на ЛДП-Битола организираше настан под мотото „ Да танцуваме заедно“.

Овој настан ќе продолжи секоја недела и во наредните неколку месеци, се со цел поголема социјализација на овие лица од нашиот град.

Голема благодарност до танцовиот клуб „ Step Up “ кој што ја прифати нашата идеја и му излезе во пресрет без никаква финансиска надомест, да и овие дечиња и лица имаат можност да ги научат чекорите на познатите латино американски танци.

Со овај проект сакаме да ја крениме општествената свест за овие лица на едно повисоко ниво и се надеваме дека овај проект ќе продолжи и понатаму.

More from ВестиMore posts in Вести »