Во организација на Локалниот клуб СДММ од Битола, денес на пладне, на платото пред Офицерскиот дом се одржа трибина под наслов “Младите – мост на Европските перспективи“.

На трибината која предизвика голем интерес, пред голем број на младинци, се разговараше за проблемите и решенијата на младите, нивниот перспективен развој и иднината на нашата држава.

На темите кои беа доста интересни за младите говорници зборуваа Дарко Каевски, директор на агенција на млади и спорт, Виктор Димовски, државен секретар за надворешни работи и градоначалникот на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Заедно градиме европски вредности за подобро утре на нашата држава.
[ngg src=”galleries” ids=”289″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






