Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ го реализира проектот “COLORS OF LIFE“ во Битола (фотогалерија)

“Сумнал“, здружение за развој на ромската заедница во рамките на “Еразмус +“ програмата преку клучната КА1 акција, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Северна Македонија, го реализира проектот COLORS OF LIFE.Цел на проектот е промоција на социјалната инклузија со фокус на социо- економска интеграција на младите луѓе во различните земји.Со реализацијата на проектот, целта е да се зголеми свесноста меѓу учесниците дека сите се еднакво важни за општеството како значењето на инвестирањето во образованието за подобрување на квалитетот на нивниот живот.Проектот се реализира во периодот од 1 до 8 април, во хотел “Капри“ – Битола, со учесници од Италија, Албанија, Турција, Словенија, Хрватска, Грција, Бугарија и Македонија.Соработници во проектот се Кристина Петровска, Фатма Бајрам Аземовска, Виолета Стевановска,  Моника Марковска и Елена Темелковска.По завршувањето на обуката учесниците ќе се стекнат со сертификат Youthpass. 

More from ВестиMore posts in Вести »