Денес и утре во Битола пред битолчани ќе се претстават кандидатите за претседател на државата, Гордана Силјановски-Давкова и Стево Пендаровски. Двата митинзи ќе се одржа на плоштадот “Магнолија“ со почеток во исто време, во 20,30 часот. Еве ги поканите кои се упатени до битолчани:
На 05.04.2019 (петок) Ве поканувам да присуствувате на големиот народен митинг на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата. Време е да се обединиме за право и правда во Македонија. Време е јавно да искажеме за кого ќе ја дадеме нашата поддршка за Претседател на Република Македонија.
Битола, да покажеме дека сме обединети и цврсто решени да одиме напред! Ве поканувам на митинг на 06.04 (сабота) на плоштад „Магнолија“, со почеток од 20:30 часот. Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се обединиме во заедничките цели – брз напредок и сигурна иднина за нашата држава. Застанување веќе нема, изборот е јасен – ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД!

Денес пред битолчани ќе се претстави Силјановска-Давкова, утре Пендаровски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- ЈКП “Водовод“ Битола: рекомтрукција на водоводна мрежа на “105-та“ улица
- Во Градскиот парк традиционален есенски крос





