Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарено возило, пожар во Ивањевци и редовни сообраќајни контроли викендов

Во СВР Битола било пријавено дека околу 19.50 часот на улица Баталјон “Стив Наумов“ во Битола било опожарено патничко возило “хјундаи лантра” со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Д.Д. (35) од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната против пожарна единица Битола. Извршен бил убид.

Во Полициска станица Битола, П.Б.(42) од село Трновци, општина Могила, пријавил дека истиот ден околу 15.30 часот во угостителски објект во село Ивањевци бил физички нападнат од Е.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас… Притоа, контролирани се вкупно 1.206 возила и возачи и било констатирано дека 33 возачи ја надминале дозволената брзина, 28возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 18 возила , пет возачи не користеле сигурносен појас, а шест возачи
зборувале на мобилен при управување на возилото.