Фондација за одржлив развој “ПРЕДА ПЛУС“ го одржа својот “ДЕМО ДЕН“ на 9 Април во Битола – кој беше официјалниот завршен настан на акцелераторската програма “Employouth“.
Во претходните три месеци, учесниците на “Employouth“ имаа можност да бидат дел од интензивна менторска и тренинг програма за креирање и водење на успешен бизнис.
Над 20-тина млади луѓе со интересни идеи за започнување бизнис ги кристализираа преку развој на лични перформанси водени од 10тина ментори од земјата и странство,а координирани од Игор Изотов- иновациски консултант и гуру за лансирање на стартапи.
Тие на овој “Демо ден“ во 3 минутни презентации ги претставија своите бизнис планови пред инвеститорите.
“Преда Плус“ ја креираше акцелератирската програма и ја предава на ФИКТ, кој со овој проект се здобива со простор каде ќе го смести акцелераторот. Практично ФИКТ добива проект, избира менаџерски тим кој ќе го води во идниот период кога ќе биде практично одговорен за неговата одржливост.
Организиран како дел од “Еmloyouth“ – Универзитетска пилот програма за стартапи во пелагонискиот регион, проектот е финасиран од ЕУ преку “Interreg“ програмата за прекугранична соработка со Грција, а имплеметиран од “PREDA Plus Foundation“ и Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Секоја идеја е голема, затоа и од Битола се може(и) (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





