Започнува Второто издание фестивалот Џез-фактори кој во Битола носи реномирани светски имиња од џез сцената.
Главната програма ќе се одвива во Народниот театар, а оф-програмата и работилницата ќе се случуваат во кафе-бар “Камарите“ и кафе бар “Порта џез“.
Организатор на манифестацијата е професорот Сашо Поповски, реномиран македонски џез-музичар и шеф на џез-катедрата при музичката академија на универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Центарот за културна деконтаминација од Битола.
Оф програмата започнува со настапот на Молли Тролли Квартет во кафе бар “Камарите“, каде настапуваат “Скопје Џез Инк“ во “Порта џез“, а следниот ден Лина Авшар во “Камарите“.
Во програмата оваа година е и џез-работилницата со наслов -Џез фестивали – организација – вмрежување – мобилност на артисти, која ќе се одржи во Народниот Театар.
Фестивалот е поддржан од општината Битола, Министерството за култура и НУ. Народен Театар Битола.






