Ротари Клубот „Битола Широк Сокак“ со кампањата “Затоа што немаме друг дом“ во наредните две години активно со различни активности ќе делува сите заедно да допринесеме кон зачувување на воздухот.
Целите за одржлив развој на Обединетите Нации претставуваат глобален договор на човештвото за иднината и постоењето на човештвото на Планетата Земја. Сите држави на Планетата, организации, институции, поединци имаат одговорност пред сегашните и идните генерации да превземат мерки и да делуваат кон зачувување на рамнотежата, а со тоа и опстанокот на човештвото на Планетата Земја.
Токму затоа Ротари Клубот „Битола Широк Сокак“ ја најавува кампањата „Затоа што немаме друг дом“ по повод 22 април Денот на Планетата земја со која во наредните две години активно со различни активности ќе делува сите заедно да допринесеме кон зачувување на воздухот.
Настанот е посветен на нашиот член, пријател, другар Нешат Аземовски, долгогодишен активист за чиста здрава средина. Аземовски ги направи пионерските чекори во борбата за здрава животна средина во Битола и целиот свој живот го посвети на проекти од оваа сфера.
Активно беше вклучен и во еколошка едукација на најмладите, а неговите активности се вреднувани не само во Македонија, туку и на меѓународно ниво.
Настанот ќе се одржи на ден 22.04.2019 година (понеделник) составен во два дела почнувајќи од 10 часот на плоштадот Магнолија, каде што учениците од 3 одделение со наставничката Нела Неделковска и ќерката на Нешат Аземовски – Леона Аземовска ќе пуштат балони со порака за тато Нешат во чест на 52 дена од неговата смрт кои ќе симболизираат дека сите сакаме да живееме во чиста и здрава средина.
Во 11 часот ќе започне настанот во Зоолошката градина Битола со богата културна и забава програма со настап на учениците од основните училишта и градинки со рецитал и песник за Планетата Земја, ќе настапат и децата од Си До фестивалот, збогатена со дружење со кловновите Заги и Маги.
Со поддршка на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Битола ќе се засадат садници и цвеќиња во Зоолошката градина – Битола .
Ги замолуваме сите граѓани, пријатели да понесат со себе цвеќиња и саксии за посадување во Зоолошката градина – Битола.
Ротари Клубот „Битола Широк Сокак“ го одбележува 22 април Денот на Планетата земја под мотото „Затоа што немаме друг дом“, најголем масовен настан во кој се вклучија општина Битола, јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Битола, НУУБ „Св.Климент Охридски“ –Битола, Интеракт – Битола Широк Сокак, невладините организации, Биосфера, Сумнал, ЕГТ, Волвокс, ЦЕРИ – Центар за европски развој и интеграција, Баирска Светлина, Фестивалот СИДО, градинките „Мајски цвет“ и „ЕстрејаОвадија Мара“ (објект Снегулка), ОУ „Даме Груев“ и „Стив Наумов“, ДСД „Кочо Рацин“ – Битола и забава со кловновите Заги и Маги.






