Press "Enter" to skip to content

Одржана ораторска вечер на УКЛО, Бојан Стојановски најдобар

Во рамките на одбележувањето на Денот на основањето на УКЛО, во малата сала на Центарот за култура во Битола се одржа ораторка вечер “УКЛО Тривиум“ која годинава го носеше предзнакот “40 години УКЛО  Дигитална (р)еволуција“.

На ораторската вечер која се одржува традиционално и е четврта по ред учествуваа 12 студенти од неколку единици на УКЛО, а за најдобри оратори од страна на жири комисија прогласени се студентите:

-Бојан Стојановски, од Економскиот факултет – Прилеп, прво место,

-Софија Трампевска, од Предагошкиот факултет – Битола, второ место и

-Димитар Врглевски, од Правниот факултет – Кичево, трето место.

За покажаните говорнички вештини и умешност, покрај дипломи УКЛО на најдобрите оратори им доделува и парични награди.

Присутните студенти ги поздрави проректорот, проф. д-р Виолета Маневска која по повод пригодата истакна дека со “Тривиум“, УКЛО воспоставува една суптилна, модерна нишка со младите и дека УКЛО.

Во пресрет на настанот се одржа работилница за јавно говорење под менторство на проф. д-р Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола.

More from КултураMore posts in Култура »