Press "Enter" to skip to content

Јована Митровска победник на фестивалот на аматерски пеачи “Добрушево 2019“ (фотогалерија)

-За одличната организација се погрижи МОД “Добушево“, а на фестивал на аматерски пеачи “Добрушево 2019“ настапија 13 интерпретатори, кој  ги придружуваше оркестарот “Фаворити“.

-Многубројната публика ја забавуваше и Влатко Лозановски и “Синтетик Сакс“.На најголемиот христијански празник,  Велигден, синоќа во село Добрушево по 40 пат се одржа фестивалот на аматерски пеачи “Добрушево 2019“, во организација на МОД “Добрушево“, на кој настапија 13 пеачи од неколку градови. -Фестивалот на аматери во Добрушево, за прв  пат се организирал во далечната 1978 година, а и стиот  е по идеја на претседателот на тогашната младинска организација, Трајче Велјановски, заедно со Мендо Велјановски, Мендо Јошевски, Благој Талевски, Веле Јошевски, Раде  Ацевски и Благој Јосифовски. Поголем временски период на фестивалот  свирела  групата “Пелагониски бисери“, а веќе  7 години, дел од  овој фестивал е  група “Фаворити“, рече организаторот, Иванчо Здравевски, за почетоците на овој фестивал.На овогодишниот фестивал настапија 13 пеачи аматери, а победник е младата Јована Митровска, а второ пласиран е Симеон Тасев, а на трето место Александар Тасески. Победничката тројка покрај дипломите доби и парична награда.Најмногу аплаузи сепак од присутните доби Влатко Лозановски, кој беше специјален гостин на Фестивалот, а иако по прилично студено време, не само дубрушевци, туку и публика од многу други места уживаше со неговите хитови и заедно ги пееја.Претходно на публиката сплет изведен на хармоника им отсвири и Димитар Митровски, момчето кој  има  завршено средно музичко училиште, моментално студент на музичката академија во Скопје, кој освоено многу награди во Србија и во нашата земја, член е  во бендот  “Инструментал“, а пред  некое  време  беше поканет од  “Гранд  Продукција“ и беше  гостин во емисијата “Песна за  душа“. на крај гостите ги забавуваа и членовите на “Синтетик Сакс“.Водител на Фестивалот, како и во претходните години беше Елизабета Кочева-Јосифовска.Организаторите напоменуваат дека покрај генералниот спонзор на Фестивалот, општина Могила и големиот број помагатели, треба да се спомене  и архиепископот  охридски македонски, Господин Господин Стефан, добрушевец, кој е голем  поддржувач на  овој настан.

More from КултураMore posts in Култура »