Press "Enter" to skip to content

За Марјан Неќак, наградата „Марул“, на фестивал на драма “Денови на Марулиќ“

Битолскиот режисер, композитор и основач на битолскиот „Подвижен Музички Театар“ (Moving Music Theatre Bitola), Марјан Неќак, е добитник на наградата „Марул“ што ја доделува хрватскиот фестивал на драма “Денови на Марулиќ“.

Жирито на фестивалот во Сплит, наградата „Марул“ му ја додели за претставата „Девојчето со жиците“ како најдобро уметничко остварување на “Денови на Марулиќ“.

“Девојчето со жиците“ е копродукциски проект на ММТ-Битола и Словенечки народен театар-Љубљана, беше во конкуренција со 12 драмски претстави кои беа изведени на неколку театарски сцени во Сплит.

Во претставата „Девојчето со жиците“ за која стиховите ги напиша Ана Бунтеска, настапуваат словенечките актери Барбара Церар, Урош Фурст и Бранко Штурбеј.

More from КултураMore posts in Култура »