Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: убава идеја за средновековна тврдина над Битола

-Пред десет години од двајца млади политичари од две партии, слушнав многу интересна идеја, за изградба на тврдина над Битола, поточно над Германските гробишта, идеја многу добра, но и тогаш реков тешко остварлива, се сеќава Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.

За оваа идеја, Миновски додава, дека калето, од кое се најдени остатоци над ридот се мисли дека се од катедрална црква, од 10 или 11 век, а била изградена во времето на Цар Самоил, но повторува дека тешко ќе се реализира, треба пристапен пат, па нови истражувања на теренот, проекти…Од Заводот и музеј локалитетот на кој се пронајдени остатоците од црквата го нарекоа Кале, а според некои историчари црквата била изградена како епископско седиште на тогашната патријаршија, а се претпоставува дека токму во неа бил крунисан за цар, најстариот син на Самуил, Гаврило Радомир.

-Ние како современици на ова време нејверојатни нема да ја видиме изградена црквата, но останува верувањето некој од нашите наследници да успее да ја изгради неа, додава Миновски.

More from ВестиMore posts in Вести »