Необична глетка во центарот на Битола гледаа неколкумина битолчани, а на повеќе од нас кои бевме таму ни “замрзна срцето“. Кон глутницата на големи песови, скитници, се приближи мало ромче, без ни малку страв.
Една госпоѓа, уплашено му довикна на детето да не оди таму да не го касне некое куче, но малото дете ниту ја слушна, туку продолжи кон нив, како да му се стари пријатели.
Откако се “поздрави“ со песовите, некои ги погали, и на чудење на сите го вјавна најголелемиот пес, голем “волчњак“ – гермаски овчар. Песот ни малку не се возбуди, туку го остави да седи на него, а детето како искусен јавач на коњче пони, се прошета на грбот на песот.
Глетка необична, која предизвика страв кај присутните, а се прашавме со што ја стекнале взаемната доверба детето и песот. Некои рекоа дека песот и дресиран и живеел со деца, а друго дека детето дел од храната ја дели со кучето.

Мало ромче јава пес скитник, како мало пони без малку страв (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





