Press "Enter" to skip to content

Во Битола, средба на директорите на битолската и националната библиотека (фото)

По посетите на одделите од Библиотеката и разговор со вработените беше организирана промоција на научен труд прирачник „Библиографски опис на составни делови“ во издание на Национална и Универзитетска библиотека од Скопје.

Во НУ УБ „Св. Климент Охридски“ – Битола беше организирана стручна средба на директорите од националните установи од областа на библиотечното работење, Национална Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски од Скопје Фримзим Даути и Национална Установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола м-р Бојан Стефановски.

На средбата беа присутни и билиотекарите Вики Костова од кабинетот на директорот како и колешките од Библиографски центар при НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Валентина Дојчиновска-Илиоска, Наташа Бундовска и Софче Маркови, проф. д-р Добри Петровски од Педагошскиот факултет од Битола и претседателот на управниот одбор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Јосиф Петровски.Стручните лица од Битолската библиотека и библиотека од Скопје разменија искуства од тековното работење, можности за заеднички активности и пројекти, како и проблеми од областа на библиотечното работење.

Директорите на двете национални установи имаа прилика да разговараат за организациската поставеност на вработените по одделни сектори и нивната подобра организираност, за можности за унапредување на библиотечната дејност, за нивелација на платите во културата, можности за организирање на стручни средби, собири и конференции како и за унапредување на свесноста за важноста на професијата од страната на одговорните лица во државата.

More from КултураMore posts in Култура »