Кога стартуваше оваа ракометна сезона, амбициите на ракометниот клуб Еурофарм Работник, кои и тие некако срамежлија ги покажуваа, дека сакаат второ место на табелата, најголем број познавачи на ракометот ги слушаа со недоверба.
Да се “брка“ второ место покрај два големи ракометни клуба, Вардар и Металург, кои доминираа во македонскиот ракомет, изминатите десетина години, беше голема дрскост. Но, како одминуваа месеците, колата, полусезоната, групната фаза од ЕХФ, ангажирањето на Алушевски, за “фармацевтите“ желбата, полека стануваше поблиска, а вечерва и реалност.
Ракометарите во двата натпревари од плеј-офот го победија директиот противник, екипата на Металург, во Скопје и Битола, а ги дели само мал чекор до второто место, и играњето идната сезона во квалитетната СЕХА лига.
По убедливата победа на Еурофарм Работник вечерва, ракометарите заслужено се радуваа на терен, а и аплаузите кои им ги упатија 2.000 навивачи беа сосема заслужени и искрени, а и аплаузите од противникот.
Екипата на Еурофарм Работник радоста и славењето го продолжија во соблекувалната, по “селфито“ кое секогаш го прави претседателот на клубот Зоран Штерјев со ракомерите, тој им подели и пиво, за да го прослават големиот успех за нив и клубот.
Во соблекувалната покрај ракометрите и стручниот штаб беа и оние кои со нив се секојдневно и на секој натпревар, без разлика каде играат, Бојан кој беше еден од најсреќните и Горан кој е дел од оваа ракометна експедиција, а на трибините останаа да се радуваат Татјана, Тркачо, Душко, Марија…
Секако фотографиите и снимките веќе Бојан ги има “доставено“ кај еден од спонзорите, сопственикот на ГП “Пелистер“, Силјан Мицевски, и кој сигурно се радува на овој успех.
Нам ни останува само да им го честитаме големиот успех на овој млад ракометен колектив и да им посакаме успеси и во новата сезона.
Текст и фото: С. Ристевски






