Вечерва во Народниот театар со изведба на премиерата “Бакхи- Краток преглед на распадот“ од Еврипид на Битолскиот народен театар, започна 21. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата.
Пред премиерата во фоајето на Народниот театар во Битола се одржа и официјалниот дел на свеченото отворање на Фестивалот, а за тоа колку претстави ќе има во официјален дел, и кои актери ќе настапат на Фестивалот, зборуваше уметничкиот директор, Пепи Мирчевски.
Овогодишното издание на Фестивалот на монодрамата за отворено го прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Премиерата на “Бакхи- Краток преглед на распадот“ е вон конкуренција, а во официјалниот дел, единаесет актери од девет држави ќе се натпреваруваат со своите актерски креации, во монодрамата како жанровски тетарски израз.
Фестивалот ќе биде затворен со соло перформансот “Пасија по Биби“ на Петар Милошевски од Велика Британија, кој е надвор од конкуренција.

Вечерва отворено 21. Фестивал на монодрамата (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола





