Press "Enter" to skip to content

За денес закажана 33. седница на Советот, која битолчани ќе ја гледаат на “you tube“

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 10 часот ја закажа 33. по ред седница на Советот на Општината, а на дневен ред ќе бидат завршните сметки на јавните претријатија, зоолошката градина, старски дом, како именување на членови на Управен одбор и Надзорен орган на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола.

Ќе се расправа и за здравствено-еколошкиот ризик од загадување на водата од скумулација “Стрежево“ во текот на 2018 година, состојбата со водоснабдување и квалитетот на водата за пиење во Општина Битола во текот на 2018, за зголемување на платите во детските градинки…

На дневниот ред има 29 точки:

  1. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП „Комуналец” во 2018 година.

2. Извештај за работата на ЈП „Комуналец” Битола во 2018 година.

3. Извештај за реализација на Програмите за одржување на ЈЗП и јавна чистота во Општина Битола за 2018 година.

4. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП „Нискоградба” во 2018 година.

5. Извештај за работата на ЈП „Нискоградба” во 2018 година.

6. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП „Пазари” во 2018 година.ж

7. Извештај за работата на ЈП „Пазари” во 2018 година.

8. Завршна сметка за финансиското работење на ЈКП „Водовод” во 2018 година.

9. Извештај за работата на ЈКП „Водовод” во 2018 година.

10. Завршна сметка за финансиското работење на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола за 2018 г.

11. Извештај за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола за 2018 г.

12. Завршна сметка за финансиското работење на Зоолошката градина – Битола за 2018 год.

13. Извештај за работата на Зоолошката градина – Битола за 2018 година.

14. Завршна сметка за финансиското работење на Старски дом „Сју Рајдер“ – Битола за 2018 година.

15. Извештај за работата на Старски дом „Сју Рајдер“ – Битола за 2018 година.

16. Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Битола.

17. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на 2019 г. на ЈП „Комуналец“ Битола.

18. Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата за административните (јавните) службеници вработени во ЈОУ ДГ „Естреја Овадија Мара“ за 2019 г.

19. Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата за административните (јавните) службеници вработени во ЈОУ ДГ „Мајски Цвет“ за 2019 год.

20. Одлука за формирање на Локален совет за превенција.

21. Информација за следење на нутритивен статус на предучилишни и училишни деца во Општина Битола за 2018 г.

22. Информација за здравствено-еколошкиот ризик од загадување на водата од Акумулација „Стрежево“ во текот на 2018 г.

23. Информација за следење на состојбата со водоснабдување и квалитетот на водата за пиење во Општина Битола во текот на 2018 г.

24. Извештај за извршена имунизација во Регионот за ЦЈЗ-Битола за 2018

25. Решение за именување членови во Управен одбор на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола.

26. Решение за именување членови во Надзорен одбор на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола.

27. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор во ЈП „Пазари“ Битола.

28. Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор при СОЗУ „Кузман Шапкарев“ Битола.

29. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор во ОУ „Елпида Караманди“ Битола.

Mission News Theme by Compete Themes.