Започна изградбата на уште еден голем и исклучително значаен проект за жителите на село Добромири – пречистителна станица, изградена според најсовремените стандарди за заштита на животната средина. Со реализацијата на овој проект ќе се заокружи целокупната изградба на канализационата мрежа во селото, обезбедувајќи современо, безбедно и еколошки одржливо решение за третман на отпадните води.
Овој проект е од особено значење бидејќи придонесува за заштита на природата, зачувување на квалитетот на почвата и водите, подобрување на јавното здравје и создавање поквалитетни услови за живот на сегашните и идните генерации. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци, која продолжува со инвестиции во капитални проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните и придонесуваат за одржлив развој на сите населени места.

Започна изградба на пречистителна станица во село Добромири
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер до лесни бодовите во Прилеп
- Пелистер со хет-трик на Ивановски до победа на Осогово и до три бода (фотогалерија)
- Томе Кирјази од АК Олимп го истрча Чикашкиот маратон
- Проф. д-р Горан Илиќ учествуваше во реномираната американска лидерска програма IVLP во САД





