Press "Enter" to skip to content

Академик од Горната Гимназија, жив сведок на основањето на МАНУ, слави 100 години

Единствениот жив од тројцата основачи на МАНУ во 1967 година, академик Ѓорѓи Филиповски, на 6 мај наполни 100 години.

Тој како и многумина академици средното образование го стекнал во Горната Гимназија во Битола. 

По повод овој голем јубилеј, во 12 часот во Македонска Академија на науки и уметности, денеска ќе се одржи свеченост. Академик Филиповски, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, беа тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ.

Роден е во село Соровиќ, Леринско, Егејска Македонија,  македонски професор и научник од областа на педологијата – науката за почвите, агрохемијата и земјоделството. 

Основно училиште и гимназија завршил во Битола, во 1937 година. Од 1937 до 1941 година студирал на Земјоделско шумарскиот факултет (Земјоделски отсек) во Земун, а дипломирал во Софија во 1942 година на Земјоделско шумарскиот факултет. Докторирал на Земјоделскиот факултет во Земун, Србија.

More from БитолаMore posts in Битола »