Во просториите на НУ Народен Театар – Битола се одржа роденденска аматерска претстава „Различни, а сепак исти“ од Ангела Пандовска и Бесјона Јусуфи. Тие пред една година ја издадоа истонасловената книга која е напишана на македонски и албански јазик, со цел да ги прикажат сите тие сличности на луѓето каде предрасудите и дискриминацијата ќе бидат само како минато.
-Ние пред една година докажавме преку нашето дело дека сите на оваа планета сме исти бидејќи ги запознавме со поимите другарство и љубов, а дискриминацијата и предрасудите им ги ставивме во кутијата наречена минато. Вечерва го прославуваме првиот роденден на нашата книга, а тоа го прикажавме преку претстава која имаше хуманитарен карактер. Сеуште немаме одлучено каде овие средства ќе одат, но сепак мислиме дека ќе го направиме добриот избор, вели Ангела Пандовска.
-Напорно ја подготвувавме оваа претстава веќе 3 месеци. Идејата беше на Ангела, која неуморно ги организираше сите учесници. Вечерва освен аматерската претстава, настапија и ФА Битола и КУД Башкими Битола со нивни кореографии, ја покажаа културата и традицијата со нивната носија. Претставата за жал не беше и на македонски и на албански јазик, но сепак имаше делови на албански како и на други држави кои учесниците сами си ги избраа, Бесјона Јусуфи.

Роденденска аматерска претстава „Различни, а сепак исти“ на Ангела и Бесјона (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





