НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола и Здружението за наука и култура НОВА по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ го промовираа зборникот песни „БИТОЛА ВО СТИХОВИТЕ НА МЛАДИТЕ АВТОРИ“.
Во зборникот се објавени педесетина песни на ученици од основните и средните училишта во Битола, кои своите дела ги претставија во Библиотеката.






