Press "Enter" to skip to content

Болницата “Плодност“ набави нова опрема по најнови светски стандарди (фото)

Во болницата е обновен голем дел од медицинската опрема во различни оддели, извршена е комплетна промена на креветите со нови, електрични, а неонатолошкото одделение е опремено со нови креветчиња за новородечињата.

Менаџерскиот тим на Болница „Плодност“, под раководство на прим. д-р Таше Трпчевски, постојано се грижи за опремување на болницата по најнови светски стандарди и обновување на постоечката опрема. Така, деновиве, во болницата пристигнаа неколку камиони со опрема.Во болницата е обновен голем дел од медицинската опрема која секојдневно се користи при работењето во различни оддели, меѓу кои фото-сијалици за новороденчињата во одделот неонатологија, болницата доби нов операционен стол, дефибрилатор и други дополнителни апарати и елементи.

За пациентките кои престојуваат во болницата после породување, или после оперативните зафати, извршена е комплетна промена на креветите со нови, електрични, ставени во функција на подобар престој на пациентките и задоволување на сите нивни потреби за удобност и подвижност.Исто така, неонатолошкото одделение е опремено со нови креветчиња за новородечињата.

На овој начин, болницата покажува дека грижата за удобноста и квалитетот на лекување и престој на своите пациенти е на прво место.Токму оваа карактеристика е препозната од пациентите, кои секојдневно, во уште поголем број им ја даваат грижата за своето здрадвје на медицинскиот тим на Болница “Плодност“.