Пред Саат кулата се одржа отворен час по повод чествувањето на Денот на просветителите, браќата Кирил и Методиј. Учениците од трето-в одделение од ОУ “Елпида Караманди“ – Битола реализираа содржини посветени на Словенските просветители спроведувајќи го дијалогот како стратегија за градење на заедничка мисла, кој го отвори директорот на НУ УБ “Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски.
Во продолжение на овој настан се промовира збирката песни “Трето В“, на која како автори се јавија сите ученици од ова одделение под менторство на нивниот одделенски наставник д-р Фанче Јошевска, а издавач на збирката е НУУБ “Св.Климент Охридски“ – Битола.
Карактеристично за оваа книга е тоа што секој стих во истата бил творен од сите ученици заедно. Целта на ваквите активности е да го развиваат заедништвото и развивање на способности за градење на заедничка основа во мислењето како потреба на општественото граѓанско живеење. Збирката песни “Трето В“, е посветена на Битола.

Пред Саат кулата, отворен час по повод Денот на просветителите, браќата Кирил и Методиј (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026





