Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник ја завери СЕХА визата и второто место во Супер лигата

Пролет – Еурофарм Работник 16:30 (7:15)

Сала: “Македонско сонце“ во Скопје. Гледачи: 200. 

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. 

Пролет: Кристо, Кимевски, Коруновски, Василевски 2, Аларов 2, Јовчевски, Давитковски, Манев, Ролевски, Трајковски 3, Андоновски 6, Мајнов 1, Дамчевски, Дука, Стојановски, Манасков 2.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 6 мин.

Еурофарм Работник: Трајкоски, Чаневски, Ојлески 5, Маркоски 3, Пецаковски 1, Талевски 1, Чурлевски, Д. Петровски, Кузмановски 3, Радовиќ 5, Кукоски, Крстевски, Остроушко 3, Граџан, Ѓукиќ 9, М. Петровски.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 16 мин.

Екипата на Еурофарм Работник го потврди својот историскиот успех, втората позиција во домашниот шампионат и пласманот во регионалната СЕХА лига, откако на гости со 16:30, полувреме 7-15, го победи Пролет. 

Домаќинот беше рамноправен само на стартот, но кон средината на првиот дел Еурофарм Работник поведе со  4:7, а потоа 4:9, се беше јасно. Предноста на гостите растеше, а на полувреме беше +8 за “фармацевтите“ 7:15.

И во вториот дел Еурофарм продолжи со доминацијата, а Ѓбрзо дојде до двоцифрена предност за битолчани од 11:21. На десет минути пред крајот беше 14 гола разлика (13-27), а со таа разлика  заврши натпреварот 16:30.

Во последното коло, в среда, Еурофарм Работник ќе го пречека Бутел, а Пелистер е домаќин на Пролет.

More from БитолаMore posts in Битола »