Press "Enter" to skip to content

Митингот на светската фолклорна организација, сектор Јужна Европа во Битола, заврши со голем концерт (фото)

Заврши Митингот на светската фолклорна организација ЦИОФФ -сектор Јужна Европа еден од најважните настани на кој дојдоа претставници од 15 земји, а Битола беше одличен домаќин на настанот.
Од 16 до 20 дај  делегации на ЦИОФФ од Албанија, Азарбејџан, Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Кипар, Северен Кипар, Хрватска, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија, Португалија, Франција и се разбира домаќинот Македонија во неколкудневни работните сесии разговараа за унапредување на грижата на нематеријалното културно наследство, фолклорот и традициите, со што ја продолжуваат мисијата на УНЕСКО,  со која ЦИОФФ е во официјално партнерство, односно единствена невладина организација која е партнер со УНЕСКО во областа на нематеријалното културно наследство.
Ваквите средби само потврдуваат дека фолклорот не е само игра. Фолклорот е многу повеќе од тоа. Фолклорот е чувар на традициите.Фолклорот е тој кој не познава граници. Него не го интересираат поделбите. Тој секогаш ја бара заедничката основа, а таа е да го зачува и прикаже она што со децении и векови многу генерации нананзад, на различни географски ширини ги одржало како народи и нации во живот. Таа различност е богатството на светот. Различност која создава трајни вредности кои оставаат видливи траги на една цивилизација.
Во рамките на неколкудневната конференција, се одржа и голем концерт, на најдобрите македонски фолклорни ансалмби во Центарот за култура при што добија шанса да добијат покана на познати светски фестивали од страна на присутните гости од ЦИОФФ кој организира над 300 интернационални фестивали, каде редовно учествуваат и македонски фолклорни друштва.  Во агендата освен работните средби, имаше и прием кај Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. На таа средба гостите од ЦИОФФ подарија интересни сувернири и предмети од матичните земји со цел да споделат дел од своите традиции кои остануваат во траен спомен на Општина Битола.
Повеќето членови на делегациите прв пат ја посетија Битола и Македонија, така што беа фасцинирани од посетата на значјани културно историски и туристички атркации кои домаќинот ги организираше специјално за нив. После завршувањето на Митингот, Македонија доби честитки од сите национални секции за одличната организација.
More from КултураMore posts in Култура »