Press "Enter" to skip to content

Таму најгоре, “Лазарополе цути – 2019“, фестивал на нарцисот по петти пат (фотогалерија)

“Лазарополе таму најгоре…“ се пее во песната, а таму најгоре висорамнина на врв на планина, а погледот кон природата наоколу, никого не остава равнодушен.  

-Овие денови во Лазарополе по 5 пат се одржуваше фестивалот на нарцисот со мото  на манифестацијата  “Културното наследство – лазороска носија“.  Звуците   на зурлите и тапаните на Мајовци будат емоции и како  повик на собраниот народ пред “Калин“ хотел, на сред Лазарополе, за да започне манифестацијата со оро и песна.  Тоа беше повик да се упатат сите кон зелените ливади со нарциси кои се наоѓаат во околината на Лазарополе.Патот до таму води низ преубави предели на недопрена  незагадена природа која се заленее наоколу. Во далечината диви коњи трчаа низ преубавиот предел и глеткатa како сцени од филм.По пристигнувањето на ливадите се отвора поглед кој одзема здив… се белеат нарциси кои се расцветани во мај. Сите берат и прават големи китки од убави цветови. Се плетат венчиња од цветови нарцис за украс на главата.  Тука сите го слават нарцисот како цвет преку оро, песна, дружење…Во природа на ливада изложба со слики од богатото културното наследство во мијачкиот крај и познатата лазороска носија. Тука и штанд со традиционални јадења: јагнешко печено во фурна, лазороско сирење и кашкавал, комад (зелник), кисело млеко. Овој крај е познат по млечните производи.Околу штандот многу луѓе кои уживаат во вкусната закуска, сокови, пиво кафе. Сето ова беше подготвено и организирано од спонзори. Откако поминуван се сите повторно се враќаат на сред село пред хотел “Калин“ за да ги средат впечатоците на кафе муабет. Поразговаравме со човекот кој “го работи“ “Калин“ хотел,  Ѓоко Васевски.-Еве и оваа година на 25 мај го одбележуваме празникот на нарцисот кој цути овој период и ливадите наоколу се белеат од овој вид на цвеќе кое претставува еден ендемски вид кај нас во Лазарополе. Многу гости се дојдени и денес денот е преубав за разлика од вчерашниот ден кога цел ден врнеше. Во  “Калин“ хотел се трудиме  да ги угостиме сите кои сакаат да дојдат. Овде на сред село се започнува, тука се започнува со оро и звуците на Мајовци со тапаните и зурлите.  Потоа се продолжува на ливадите каде повторно со нив сите се дружат и се враќаат тука или во своите куќи каде продолжува славењето и се разбира со мајовците и звуците на тапанот и зурлата кои продолжуваат и во дворовите каде се собрани фамилиите.-Овој празник  и големиот Илинден -2 ри Август се наши два големи празници. Тогаш тука си доаѓаат луѓето кои имаат свои куќи, но и многу и гости туристи кои сакаат да присуствуваат  на оваа манифестација. Секоја година има се повеќе и повеќе луѓе кои  доаѓаат уживаат во природа и го слават празникот на цвеќето, ни рече чичко Митре, лазоровец кој живее во Битола, а дојден за овој ден, како вели тука најгоре.-Ова што е наоколу не може да се опише со зборови, оваа убавина и недопрен природа, нарцисите кои се белеат наоколу. Доаѓам тука секоја година од започнување на оваа манифестација. Секоја година со истото чувство за овој крај од каде е и нашето потекло, вели чичко Коста, кој не ја пропушти приликата да не покани дома кај него, на кафе, на ракоја, бидејќи како вели ние сме лозоровци, а се потруди и да ни каже нешто повеќе за потеклото и фамилиите.Како што ни кажа и нашиот соговорник оваа убавина и чувства кои буди не се опишуваат со зборови, заради тоа и нашата фотогалерија ќе ве пренесе за миг во Лазарополе, “таму најгоре“ каде се е зелено, а нарцисите со својата белина и мирис кој го шират ја прават недопрената природа волшебна.

Жанета Ристевска,

Фото: Сашо Ристевски