Пелистер – Вардар 3:1 (22:25, 25:19, 25:16, 25:21)
Пелистер Волеј е новиот шампион во пионерска категорија за сезоната 2018/2019. откако во големото финале совладана е екипата на Вардар од Скопје со 3:1 по сетови со (22:25; 25:19; 25:16; 25:21), кое се одигра во Струмица.
-Финалето го започнавме и енергично и имавме на почеток убаво водство, но Вардар возврати и ни го одзеде првиот сет со 25:22 Во вториот и третиот сет Пелистер заигра убедливо и во ниеден момент не беше доведено во прашање кому ќе му припаднат овие сетови.Во четвртиот одлучувачки сет се играше буквално поен за поен, а во еден момент Вардар имаше водство од 18:14. Но потоа со фантастична серија возвративме доволно за победа и за освојување на шампионската титула, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј.
Претходно одбојкарките на Пелистер Волеј во полуфиналњто ја победија екипата на Наковски Волеј со 2:0 (25:21, 25:22).

Пелистер Волеј е новиот шампион во пионерска категорија (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





