Press "Enter" to skip to content

“Hard Core shop“ со презентација на спортски суплементи во фитнес-центар и теретана “City gym“ (фотогалерија)

Голем интерес за презентациите за промоција  на  новите спортски суплементи кои “Hard Core shop“ ги  одржа во  фитнес-центарот и теретана “City gym“.Членовите на фитнес клубот “City gym“ Битола во неколку наврати имаа можност да учествуваат во презентација со дегустација на нови спортски суплементи “Pre workout“ и протеини од брендовите “Galvanize nutrition“ и  “Samurai shadow supplements“…“Hard Core shop“ презентацијата со дегустација наидоа на голем интерес како кај  членови во фитнес центарот “City gym“така и кај други заинтересирани битолчани.-Ние сакаме нашите членови и други кои се заинтереситрани за здрава исхрана да бидат во чекор со новите производи на пазарот. Во “City gym“ добиваат совети за целиот севкупен изглед со совети за вежби и исхрана со  тренер и инструктор, а сето тоа е вклопено во  овој современ фитнес-центар. Од “Hard Core shop“ заинтерсираните добија совети за  нутриционизам во смисла на здрава храна и спортски суплементи.  “Hard Core shop“ со повеќе презентации со дегустации ги претставува новите производи суплементи на пазарот тука пред сите оние кои се заинтересирани.  За идните промотивни презентации од “Hard Core shop“ велат:-Овие  презентации поминуваат во позитивна атмосфера и има голем интерес за нив. Заради тоа и   планираме да ги правиме и во иднина, со тоа  се вклопуваме во светските трендови на  културата за тренинг во овој спорт која е  многу променета во последниве неколку години. Се  повеќе се обрнува внимание на изгледот на телото, особено  во  овие месеци пред доаѓањето на летото, кога секој  сака да биде во добра форма.  Тука зборувам како за мажи така и за жени. Исто така и во поглед на исхраната, порано имаше некои предрасуди околу  суплементите дали се штетни или не за здравјето, но сега се знае дека без  нив не може да се замисли тренирањето на овој спорт, особено натпреварувчки. На овие презентации се промовираат нови производи на спортски суплементи и совети како да се конзумираат.Атмосферата на овие интересни презентации ви ја пренесуваме низ фотографии.

Жанета Ристевска