Компанијата Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ во месец април доби признание за „Најпосакуван работодавач за 2026 година” во категоријата фабрики и докажа дека е лидер во обезбедување на стабилност, добри услови и мотивација на своите вработени. Позитивната практика во „нижење успеси” ја продолжува и во месец мај, во сосема поинаква насока – СПОРТ.
Имено, членовите на Фудбалскиот Клуб Крошу Спорт ја освоија шампионската титула за сезоната 2025/2026.
Пошироката јавност го познава ФК Крошу Спорт како група ентузијасти, љубители на фудбалот, вработени во различни оддели во Кромберг и Шуберт Битола што во 2023 година се здружиле да го подигнат и развијат тимскиот дух, а во 2026 година ја освојуваат шампионската титула.
На 17.05.2026 година шампионскиот пехар им беше доделен на КроШу играчите по завршувањето на натпреварот со противниците ФК Баир Битола, на кој беше однесена убедлива победа со резултат 3:2.
Покрај победата и прославата на терен, шампионите свечено беа пречекани во компанијата, првенствено од страна на менаџментот што им се заблагодари за постигнатиот успех, а вистинската еуфорија и „морниците” се почувствуваа во производствениот погон кога шампионите поминаа покрај „своите” што несебично ги бодреа пред утакмица и на терен.
Посебно место во овој текст заслужува дел од говорот на тренерот Христијан Станковски, што разбуди емоции кај присутните, а претпоставуваме најмногу кај членовите на тимот и гласеше:
„А сега… до вас, момци. Вие сте срцето на оваа приказна, 25 недели, 25 натпревари, секоја недела нова борба. После долги смени, умор, приватни проблеми и секојдневни обврски – вие доаѓавте на терен и дававте сѐ од себе. Некогаш повредени, некогаш исцрпени, но никогаш скршени и затоа денес не сме шампиони случајно. Шампиони сме затоа што научивме да се бориме еден за друг, да трчаме кога немаме сила, да веруваме кога е најтешко…. Овој пехар не е освоен само со голови, туку со карактер, жртва, братство…. Овај пехар засекогаш ќе остане доказ дека кога играте со срце – можете сѐ”
Исто така сакаме да ви споделиме неколку интересни факти за играчите во тимот и тоа дека: најдобар стрелец на А1 лигата со постигнати 23 погодоци е Александар Крстевски, на листата се уште двајца КроШу играчи и тоа Дарко Ѓуровски и Александар Ѓорѓиевски. Титулата најлојален навивач на терен и number one fun му припадна на Зоран Иванов.
Упатуваме честитки и до останатите членови на тимот со една мудра мисла од Лао Це: „Секое патување од десет километри започнува со еден единствен чекор”.

ФК Крошу Спорт и шампионската титула за сезона 2025/2026 (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пораз на Пелистер во Битола по продолжението (фотогалерија)
- Eурофарм Пелистер го победи Охрид и е на чекор до второ место
- “ГРАДОТ ВО ДЕТСКИ РЕЖИМ“ – Битола се подготвува за најмасовната детска трка во Македонија
- ФК Јени Маале од Битола 17. година по ред слави успех и пријателство (фотогалерија)
- По вулгарната прослава на титулата на Вардар, се огласија сите само не Вардар










