Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со победа ја заврши сезоната (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Бутел 43:30 (22:21)

Ракометарите на Еурофарм Работник со победа ја завршија сезоната во Супер лигата во која постигнаа историски успеси, за прв пат играа во Еурокуповите-групна фаза и пласманот во СЕХА лигата.Во натпревар од последното десетто коло од плеј-офот тие го совладаа Бутел  со резултат 43:30, полувреме, 22:21.Гостите поведоа со 1:4, но по 15-минути игра, на средина од првиот дел Еурофарм Работник се врати во натпреварот, а полувремето го завршија минимално со водство 22:21.Еурофарм Работник на почетокот од вториот делсо серија стигна до 29:24 по десет минути игра, а по 5 минути сригна +9.Граџан со седум погодоци беше најефикасен во битолскиот табор, а Чурлевски и Остроушко постигнаа по четири гола.